Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски е најзаслужен за синоќешната победа на Еурофарм Пелистер против Динамо Букурешт во Битола, со која „пелистерци“ остануваат во игра за пласман во нокаут-фазата од Лигата на шампионите.
Митревски имаше 16 одбрани на мечот, а најважната сигурно онаа во последната секунда за одбрана на триумфот од 25-24.
„Ова е важна победа за нас која ни носи силен мотив за финишот од групната фаза. Сакам да им честитам пред се на моите соиграчи и на публиката за фантастичната атмосфера. Победивме против една одлична екипа која знаеме дека е државен проект со дваесетина врвни ракометари. Вложуваат многу имаат нескриен квалитет, и затоа победата уште повеќе добива на тежина.
Сите се заслужни за оваа победа. Најважни се освоените бодови, па сега одиме напред, со мислите сме на следниот натпревар против Фуксе во Берлин“, истакнува Митревски.
На две кола до крајот на групната фаза Еурофарм Пелистер и Висла имаат ист број на бодови, по псум, на делба на шестото место.