Денес во просториите на Ракометната федерација на Македонија, беше извршена ждрепката за полуфиналните натпревари во машкиот Куп на Македонија.
Завршницата ќе се одигра во Битола на 20 и 21 мај, а организатори ќе бидат РФМ и Еурофарм Работник.
Полуфинале:
Вардар/Борец/Радовиш – Металург
Охрид – Еурофарм Работник
Полуфиналните дуели ќе се играат в сабота, додека финалето е на програмата в недела. Точните термини ќе бидат објавени, откако клубовите и организаторите ќе се договорат.