Еурофарм Работник – Пролет 30-25 (13-14)
Битолски Еурофарм го совлада Пролет со 30-25 (13-14) во последниот меч во 2016 година. Екипата на Зарков и Марковски скоро го осигура пласманот во плеј-офот, а во последните четири кола во пролетниот дел ќе биде извесно од која позиција ќе тргне во борба за европските места.
Постојано се играше гол за гол во текот на првите 30 минути и по дури 13 израмнувања, на гостите на пауза предност им обезбеди Бојан Николовски со гол за 13-14. До 20-21 мечот беше целосно неизвесен, а потоа домашните ракометари со серија од 4-0 дојдоа до 24-21 и го решија прашањето на победникот. Финалните 30-25 реално отсликуваат како се одвиваа работите на теренот.
Најдобар поединец во домашниот состав беше Серхио Барош со 8 гола, а 7 постигна српскиот интернационалец Давор Чутура. Кај Пролет, Александар Василевски со 6 и Ласко Андоновски со 4 гола отскокнаа од останатите.