Ракометарите на Еурофарм Работник загубија во Велес во спортската сала „Гемиџии“ од домашниот Борец со 33-31 (18-16) и тоа е еден вид реванш за поразот во Битола во првата средба на двете екипи.
Се играше гол за гол до 6-6, па битолчани се одлепија до 7-11 на половина од првиот дел. Борец Велешани брзо се вратија и стигнаа до четири израмнувања по ред за 16-16. Стојановски и Илиев на одмор донесоа предност за Борец од 18-16.
Во вториот дел по дури девет израмнувања на резулатот до 26:26, Борец направи серија за 31-27 и 33-29. Конечните 33-31 ги поставија Серхио Барош и Ашраф Адли во последната минута.
Кај Борец се истакна бекот Ивица Илиев со 12 голови, а 6 постигна левото крило Зоран Стојановски, додека во гостинскиот состав премалку беа и 9 голови на Барош, а по 6 постигна искусните Чутура и Мајнов.