Ракометниот клуб Еурофарм Работник зад себе остави плоден и многу успешен викенд. Така по успехот на сениорската екипа, која го победи Прилеп со 35-32, на триумф се радуваа и младите категории.
Младинската екипа на Еурофарм Работник славеше во градското дерби против Пелистер со 28-25 (11-12). Во меч со многу пресврти домашната екипа стигна до значајни бодови.
Кадетската екипа на Еурофарм Работник забележаа победа во Ресен против своите врсници од тимот на Преспа со 18-25, што уште еднаш го потврдија добриот развој на проектот кој се движи по вистинскиот пат.