Еурофарм Работник - Прилеп 35-32 (19-17)
Битолски Еурофарм Работник влезе во победнички ритам и вторпат оваа сезона го совлада соседот Прилеп, овој пат со 35-32 (19-17). Мечот од 12. коло изобилуваше со голови и им овозможи на фармацевтите да ги запоседнат врвот на табелата во друштво на Охрид.
Момците на Иван Марковски и Александар Зарков на полувреме имаа 19-17, но играа многу подобро во нападот, отколку во одбраната. На стартот на вториот дел прилепчани кои играа без пикерот Ѓорѓиоски стигнаа до 21-21, но немаа сили за комплетен пресврт.
Домашниот тим повторно ја врати стандардната преднст и ја одржуваше до самиот крај за конечни 35:32. Одлична игра прикажаа левото крило Барош со 11 и пикерот Адли со 10 голови, додека во гостинскиот тим се истакна Петкоски и Орјоникидзе си по 7 голови, а Тренчевски и Бозароски дадоа по 6 голови.
Охрид загуби во Велес со 3-28 и им овозможи на екипата на Еурофарм Работник да ја стигне на врвот на табелата.