Еурофарм Работник - Ал Васл 35-27 (17-13)
Откако минатата недела ракометарите на Ал Васл од Дубаи (ОАЕ) одиграа пријателски натпревар со Прилеп и ремизираа, денес во спортската сала „Младост“ во Битола се сретнаа со суперлигашот Еурофарм Работник. Екипата на Иван Марковски и Александар Зарков доминираа во текот на целиот натпревар и на крајот се радуваа на победа со 35-27 (17-13).
Крилото Игор Илиевски со 7 и кружниот напаѓач Ашраф Адли со 5 гола беа најефикасни поединци во победничката екипа, а кај Ал Васл најефикасен беше Исланѓанецот Бјонквин со 9 гола. Двајцата тренери шанса им дадоа на сите ракометари, што за битолчани беше корисен тест пред продолжувањето на Суперлгата.
Двата клуба договорија соработка на сите нивоа и во иднина, па не е исклучена можност да одиграт уште неколку контролни натпревари во иднина.