b_640_480_16777215_00_images_vesti_2026_10_pel_gdanjs.jpg

Еурофарм Пелистер беше на чекор до првата победа во Европската лига на ЕХФ, но избраниците на Лино Червар ја упропастија извонредната партија во завршницата и малку фалеше да останат со празни раце во дуелот со Вибржеже (31-31).

Македонскиот вицешампион водеше со три гола во последните неколку минути, меѓутоа исклучувањето на Павле Атансијевиќ влијаеше негативно врз тимот, па натпреварот во Гдањск влезе во драматична завршница. Домаќините успеаја да се вратат и благодрение на техничка грешка на Пелистер добија и напад за 31-31, а откако го направија тоа, малку фалеше да ја „украдат“ и победата.

Гдањск од нигде никаде доби напад за победа, но среќна околност е што истиот не заврши со реализација и натпреварот заврши со конечни 31-31. Момците на Червар фрлија во вода цели 56 минути поради лошиот финиш и грчот во кој западнаа, а најтешко ќе му биде на капитенот Филип Кузмановски кој имаше монструозно издание.

Кузмановски запиша 15 реализации на денешниот натпревар, но тоа на крајот се покажа како недоволно за победа. Нтанзи со седум беше одличен, а Хеидерирад собра десет интервенции. Кај Гдањск се истакна Томчек со осум погодоци.

Ракомет

Европска лига 2026/27

Г група

Вибржеже Гдањск - Еурофарм Пелистер 31-31 (16-17)

Спортска сала „ЕРГО Арена“ - Гдањск

Гледачи: 2.000

Судии: Михаела Чирута и Георгијана Мурариу (Романија)

Вибржаже Гдањск:

Позниак, Зебрчински, Томчак 8, Пеплински 5, Михалович 4, Спиепен 3, Морковски 3, Чаплински 3, Знавц 2, Гебала 2, Борвалдсон 1, Сиекирка, Чертович, Станеску, Родак, Беџиковски

Седмерци: 2/2

Исклучувања: 2 минути

Еурофарм Пелистер:

Митревски, Хеидарирад, Кузмановски 15, Нтанзи 7, Граховац 2, Пешевски 2, Серафимов 1, Калајџиевски 1, Пет. Атанасијевиќ 1, Хакбарт 1, Колаковиќ 1, Белистојаноски, Видомски, Ристевски, Кузманоски, Пав. Атанасијевиќ

Седмерци: 4/3

Исклучувања: 10 минути

Следната недела, во третото коло на Г групата на Европската лига, Еурофарм Пелистер гостува кај Гумерсбах.

sponzori 2026 2027

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723