Охрид - Еурофарм Работник 20-21 (11-13)
Ракометарите на Еурофарм Работник во гости го совладаа тимот на Охрид со 20-21 (11-13). што е втора победа на битолскиот суперлигаш над охриѓани оваа сезона. Мечот почна многу израмнето, но од 6. минута битолчани го презедоа водството и иако не се одлепија поосетливо докрајот на мечот водеа.
Адамовиќ и Кобетиќ погодуваа, но гостите преку Барош од седмерци и Чурлевски чуваа 2-3 разлика. Интервенциите на Трајковски го чуваа домашниот тим кој до одморот се врати до 11-11, но Мароканецот Ашраф Адли погоди за 11-13.
На почетокот од вториот дел крилото Блажевски израмни на 15-15, но брзо следеа два ефектни гола на Барош и Чутура за 15-17. На сцена стапи Чаневски со серија на одбрани и дури во финишот Мајнов и Златко Мојсовски го направија клучниот подвиг на гостите за 18-21. Брзо Кежиќ даде два гола и Трајковски му го одбрани ударот на Мојсовски и Охрид во последниот напад имаше шанса за израмнување, но Чаневски го одбрани и последниотудар за финални 20-21.
Барош со 8 гола, Чутура со 5 гола и Чаневски, кој мечот го заврши со 12 интервенции беа најефикасни во натпреварот. Кај поразениот Охрид, Кежиќ даде 5 гола, а Трајковски имаше 16 интервенции и еден постигнат гол.