Во целосно израмнето дерби Еурофарм Работник загуби од Пелистер со 20:21 од Пелистер. Спортски стручниот штаб на домашната екипа го призна поразот и им честита на гостите.
„Ракометарите на Пелистер ја заслужија победата и сакам да им честитам на истата. Загубивме добиен натпревар, исклучиво на наши грешки и наивни моменти. Ние ја преземаме одговорност и по анализата ќе видиме каде го загубивме натпревар. Добро и убаво е да се добие градското дерби, но ете Пелистер покажа повеќе во овие два натпревари, а ние одиме по нашата цел, место во плеј-офот. Имаме млада екипа, Чутура првпат игра во Битола, младиот голман Јовановски одлично бранеше, но затаивме во финишот. В сабота во Охрид ќе се обидеме да се поправиме“, изјави Иван Марковски.
В сабота Еурофарм Работник му гостува на Охрид, кого го совлада во драматичен финиш во Битола.