Еурофарм Работник – Пелистер 20:21 (10:11)
4000 љубители на ракометот во спортската сала „Младост“ и по многу ладно време и незатоплена сала дојдоа да го видат второто градско дерби во Суперлигата оваа сезона. По голема борба и чести изедначувања, на крајот со (10:11).
Мечот започна со игра гол за гол и пет израмнувања во првите 10 минути. Браќата Маџовски беа ударната игла на Пелистер, а Јовановски на голот на Еурофарм Работник одговараше на и интервенциите на Колев на спротивната. Иван Марковски повика тајм-аут во 24 минута при -1.
Играта на двете екипи стана уште поцврста во одбраната и потешко беше да се даде гол. Така Ашраф Адли и Златко Везенковски погодија на крајот од првиот дел за 10:11 за Пелистер.
Второто полувреме подобро го почнаа домаќините и поведоа со 13:11. Сепак цврстата одбрана на Пелистер не дозволи Еурофарм Работник да се одлепи. Настана серија на одбрани на Јовановски и на Колев и дури во 50 минута една екипа отиде на два разлика.
Со голот на Мајнов, Еурофарм Работник поведе со 19:17 и се чинеше дека го има натпреварот во свои раце. Следеше серија 4:1 на Пелистер со головите на браќата Маџовски и на Митревски и Пелистер дојде во водство. Колев одлично бранеше во финишот, а Борјан Маџовски го постигна клучниот гол за 20:21.
Во таборот на Еурофарм Работник, Мароканецот Ашраф Адли постигна 6 гола, а по 5 дадоа Барос и Мајнов.
ФОТО: www.gol.mk