Откако минатата недела го официјализираа трансферот на Давор Чутура, од РК Еурофарм Работник денес и пред јавноста го претставија најновото засилување. Еве ги импресиите на професионалците на Еурофарм Работник по потписот на искусниот лев бек:
Давор Чутура
(ракометар на Еурофарм Работник)
Сакам да се заблагодарам за гостопримството и на довербата. Двајцата тренери ги познавам најдобро и заради нив дојдов тука. Ова ми е прво искуство во Македонија, иако во минатото сум играл против Металург. Задоволен сум што ќе бидам дел од дербито. Слушнав како беше на првиот натпревар, мислам дека овој меч за сите љубители на ракометот е голема работа. Да се има два клуба во Суперлигата е голема работа
Иван Марковски
(тренер на Еурофарм Работник)
На мое и на огромно задоволство на сите луѓе во клубот, Чутура дојде во момент кога ни требаше нам во клубот. Со самото негово доаѓање си ги поставивме високите цели и амбиции за висок пласман во тековната сезона на машката сезона. Сакаме со тоа да потврдиме дека сме клуб со високи амбиции и дека не интересираат само големи работи.