Започна структурирањето на новиот Еурофарм Пелистер 2. Тимот кој ќ игра во Суперлигата и следната сезона ќе се потпре на млади македонски ракометари.
17-годишниот пивот Јован Симоновски е ново име во ростерот. Тој е производ на школата на РК Еурофарм Пелистер. Беше дел од генерацијата која минатата година играше на завршниот турнир во Келн. Со Еурофарм Пелистер оваа година исто така настапуваше во младинската Лига на шампиони.






