Еурофарм Работник од Битола денес доведе уште едно искусно ракометно име во своите редови. Искусниот лев бек од Србија, Давор Чутура потпиша за Еурофарм Работник до крајот на оваа сезона.
Чутура е искусен ракометар, кој во својата кариера го носеше дресот на Гранољерс, Бенфика и неколку клубови од Франција, а минатата сезона настапуваше во Катар.
Огненото крштевање Чутура ќе го има против Пелистер во мечот во кој Еурофарм Работник е домаќин во вторник во Битола.