Еурофарм Работник - Вардар Јуниор 30-24 (12-12)
Битолски Еурофарм Работник, по нерешениот резултат во Радовиш, во рамките на 9 коло на Супер лигата го совладаа Вардар Јуниор со 30-24 (12-12).
Во првиот дел имаше дури седум израмнувања до 7:7, а со серија од три гола гостите се одлеија на 7-10. Сепак Адли и Капал возвратија до 12-12 на полувреме.
Само отворањето на второто полувреме беше израмнети, а потоа по 17-17, реагираа домаќините. Момците на Зарков и Марковски „нагазија“ и брзо отидоа на +5 до финални 30-24.
Белорускиот интернационалец Андреј Капал беше најефикасен на натпреварот со 9 голови, а Лазо Мајнов и Ашраф Адли дадоа по 7. Кај Вардар Јуниор се истакна битолчанецот Иван Димитровски со 7 голови.