Првенството на Македонија не дава можност да се навраќа на минатото, бидејќи веднаш следи нов предизвик, а за Еурофарм Работник, денес тоа е младиот состав на Вардар јунуор.
„Сакам да потенцирам дека јас и Иван сме целосно зад овој тим и имаме максимална доверба во момците. Точно е дека имаме падови и подеми, но тоа е нормално за една млада екипа како нашата. Ние имаме зацртана цел и одиме според планот. Верувам дека екипата ќе биде само подобра и дека вистинската класа ќе ја достигнеме во пролетните натпревари“, истакна Зарков.
Денес Еурофарм Работник од 15.00 часот ќе се сретне со Вардар Јуниор во првиот меч од 8. коло на Суперлигата.