Ракометарите на Еурофарм Пелистер извојуваа победа во пелагониското дерби. Дуелот од 21. коло на Суперлигата со Прилеп донесе повеќе грижи од вообичаено. но во последните десетина минути Тајник и Кузмановски ги вратија работите на свое место и домаќинот извојува победа од 32-27 (16-12). Прилеп долго време парираше, на одмор имаше -4, а во 45. минута дури и израмни. Сепак, поискусната и поквалитетна екипа на Стевче Алушовски стигна до бодовите. Гостите не издржаа до крајот, па Еурофарм Пелистер со солиден финиш успеа да го реши победникот и да го затвори дуелот со пет гола разлика.
Кузмановски со девет голови ги предводеше стрелците кај Еурофарм Пелистер, додека Димитриоски стигна до осум погодоци во редовите на Прилеп. За шампионот не настапија Манасков (казна) и Радивојевиќ и Видомски (повреда).
Ракомет
Суперлига 2025/26
21. коло
Еурофарм Пелистер - Прилеп 32-27 (16-12)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 500
Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски
Еурофарм Пелистер:
Хаидарирад 1, Митревски, Брестовац, Ристевски, Хакбарт 6, Кузманоски, Тајник 4, Хенигман 2, Кузмановски 9, Абутовиќ, Калајџиовски, Пет. Атанасијевиќ 4, Пешевски 3, Хосни 3, Хаџиќ
Седмерци: 5/2
Исклучувања: 12 минути
Прилеп:
Ангелески 1, Христоски, Тренчески 3, Кастратовиќ 3, Рајатовски 3, Адамчески, Шипинкоски 5, Крстески 1, Илиески 2, Димитриоски 8, Шабановиќ 1, Квастек, Столески, Ѓорѓиевски, Соколески
Седмерци: 6/5
Исклучувања: 6 минути
Во последното 22. коло од регуларниот дел на сезоната Еурофарм Пелистер гостува кај Куманово.






