Ракометарите на Еурофарм Работник од Битола одиграа нерешено 34-34, на гостувањето во Радовиш во натпреварот од 7. коло на Суперлигата.
Иако на пауза предност имаше Еурофарм Рабоник со 17:16, во продолженето битолчани се одлепија и се чинеше дека го имаат натпреварот во свои раце. Во првиот дел судиите им покажаа сини картони на гостинскиот кружен напаѓач од Мароко, Ашраф Адли и Милан Левов по нивниот меѓусебен судир во кој ни малку не беше нежен Левов и го удри кружниот напаѓач на гостите во лицето. Судиите проценија дека иста казна треба да добијат двајцата ракометари, иако изгледаше многу погруб прекршокот на Левов.
Еурофарм Работник поведе со +6, имаше и 33-29, но следеше трето исклучување за Мите Караиванов и радовишани се вратија до 33-33 со серија од 4-0. Белорусинот Капал реализираше за 34-33, но Александар Долдуров во финишот реализираше за конечни 34-34.
Португалецот Серџо Барош постигна 14 голови за Еурофарм Работник, а Белирусинот Капал даде 8. Кај Радовиш се истакна Милосављевиќ со 9 голови, а Борче Соколов беше автор на 6 гола.