Лазо Мајнов од денес е нов член на Еурофарм Работник, откако потпиша договор на две сезони заклучно со завршувањето на сезоната 2017/18 со битолскиот суперлигаш.
Мајнов во својата кариера го носеше дресот на Вардар и Металург во нашата земја, кратко во Загреб, италијанска Болоња, Мешков Брест, Елверум и до минатата сезона Одорхеи.
Новиот десен бек веднаш им се става на располагање на тренерите на екипата Зарков и Марковски и ќе дебитира в сабота во Радовиш во рамките на 7. коло на Суперлигата.