Ракометниот клуб Еурофарм Работник денес и официјално се ослободи од двајца српски интернационалци заради лошиот нивни учинок во првите шест коло до Суперлигата. Филиќ и Долиќ не се повеќе членови на Еурофарм Работник, а тренерот Иван Марковски ја објаснува оваа одлука.
„За жал нивниот учинок беше под нашоте очекувања и одлучивме Филиќ и Долиќ да ги ослободиме од обврските. На нивните места ќе дојдат нови ракометари со кои ќе го продолжиме нашиот процес на надградба во Суперлигата“.
Еурофарм Работник сезоната ја почна со четири победи и два порази и во следното 7. коло му гостува на тимот на Радовиш.