Младинската екипа на Еурофарм Работник забележа битна победа во шампионат на Македонија, победувајќи го Прилеп сп 32-20 (12-10).
Скоро во целиот тек на средбата екипата на Марковски и Зарков водеше, а во вториот дел целосно го скрши отпорот на противникот.
Петровски со 7 и Мартиновски со 6 гола беа најефикасни во победничката екипа, но целиот колектив одигра одличен натпревар и покажа дека битолскиот клуб има иднина.