Еурофарм Работник - Металург 2 38-24 (16-11)
Битолскиот суперлигаш Еурофарм Работник ја прокнижи четвртата победа во Суперлигата по победата вечерва во спортската сала „Младост“ во Битола против Металург 2 со 38-24 (16-11). По ремито во Велес, младата екипа на Металург 2 немаше сили за уште еден подвиг, а по поразот од екипата на Пролет, битолчани им се вратија на победите.
Екипата на Марковски и Зарков поведе со 5-1 и ја наметна својата игра во одбраната и со лесни голови брзо се одлепи. Адли и Барош го принудија гостинскиот тренер на брз тајм-аут. Димитриоски и Танкоски со неколку голови го вратија својот тим во подносливо заостанување. На одмор поискусната екипа на Еурофарм Работник замина со +5 (16-11).
Одбраните на Чаневски донесоа лесни голови на Чурлевски и Барош и предноста се зголемуваше од минута во минута до финални 38-24. Барош кај домаќините беше најефикасен со 10 гола, а кај младите „металурзи“ исто толку погодоци постигна Димитар Димитриоски.
ФОТО:ЕКИПА.МК