Пролет - Еурофарм Работник 25-24 (14-10)
Ракометарите на Еурофарм Работник го претрпеа вториот пораз во Суперлигата, откако по Пелистер тимот на Марковски и Зарков денес загуби и од Пролет во салата „Македонско сонце“ во Скопје со 25-24 (14-10).
Вистинска драма донесе овој дуел во кој домашната екипа водена од Мајнов и Андоновски почесто водеше во првото полувреме. Сепак кога се чинеше дека битолчани немаат сили Португалецот Серџо Барос со серија на голови (вкупно 10 во мечот) ги врати гостите во мечот.
Најнапред Андоновски на Пролет му донесе 25-23 и се чинеше дека победникот е решен. Но, прво Мојсоски намали а потоа на неколку секунди до крајот кога имаа и ракометар повеќе Барос фрли кон Мојсоски, а нему му падна топката од раце и не успеа да погоди во празната мрежа. Така Пролет славеше со 25-24 (14-10), во меч во кој водеше скоро цел натпревар.
ФОТО: www.gol.mk