Воочи дерби натпреварот од 4. коло на Суперлигата во ракомет помеѓу Еурофарм Работник и Борец, денес прес-конференција одржа битолскиот суперлигаш и го најави натпреварот кој се игра утре попладне во 18.00 часот во спортската сала „Младост“ во Битола.
Игор Илиевски (ракометар на Еурофарм Работник)
Можам да ги повикам љубителите на ракометот на утрешниот натпревар. Ова е многу важен испит за нас и треба да покажеме дека созреваме и дека можеме да се надигруваме со некого.
Иван Марковски (тренер на Еурофарм Работник)
По победата и добриот натпревар во Прилеп, ни доаѓа вистински тест во квалитетната екипа на Борец и верувам дека нашата екипа ќе покаже дека од натпревар во натпревар напредува и расте. Очекувам гледачите да не поддржат и да дојдеме до уште една победа.