Ракометарот на Еурофарм Работник, Дејан Пецаковски успешно беше опериран вчера во Скопје, откако во август на струшкиот турнир ги скина лигаментите од коленото. Се чинеше дека со терапија ќе може да ја лекува повредата, но неопходен беше оперативен зафат.
Пецаковски го започна процесот на рехабилитација и се очекува во пролетниот дел од Суперлигата да им се стави на располагање на своите соиграчи во борбата за висок пласман.
Повремениот репрезентативец се врати од Тунис ова лето да го облече дресот на Еурофарм Работник.