Пионерската екипа на Еурофарм Работник со победа ги започна натпреврите во шампионатот на Македонија. Во меч игран во Битола по неизвесен дуел, Еурофарм Работник го совладаа тимот на Струга со 16-14 (7-6).
Ова е голема победа за самодовербата на младата пионерска екипа на Еурофарм Работник. Најефиксни во победничката екипа беа Мандиќ со 6 и Митревски со 4 гола.
Љубителите на ракометот во Битола ја поздравија првата победа на пионерите на Еурофарм Работник.