Одиграни се првите натпревари од третото коло на ВИП Супер лигата во ракомет. Дерби мечот во Прилеп го одиграа Прилеп и Еурофарм Работник, а гостите од Битола забележаа победа од 19-25 (8-11).
Екипата на Марковски и Зарков прва обезбеди чувствителна предност од 5-1 и 7-4. Сепак прилепчани водени од Орјоникидзе стигнаа само до 11-10 на полувреме.
Португалецот Барош и Белорусинот Капал во продолжението ја вратија предноста од 4-5 гола и без проблеми го приведоа мечот кон крај за победа од 19-25.
Серџо Барош со 7 гола беше најефикасен кај битолчани, Караиванов даде 5, а Орјоникидзе и Ѓорѓиевски со по 6 гола беа најпозитивни меѓу прилепчани.
ФОТО: www.gol.mk