24-годишниот белоруски интернационалец Андреј Капал од денес е нов член на Еурофарм Работник. Надежното десно крило потпиша двегодишен договор со ракометарот кој доаѓа од Белорусија и треба да биде инвестиција за во иднина.
Капал двапати беше шампион и освои еден Куп со Динамо Минск, а во последните две сезони настапуваше за екипите Викторија Минск и Кронон Гродно.
По српскиот голман Арсиќ минатата недела сега пристигна уште еден интернационален кој ќе ја зголеми конкуренцијата во екипата. Потенцијалниот белоруски репрезентативец ќе дебитира в сабота на натпреварот против Прилеп.