Еурофарм Работник - Охрид 18-17 (8-10)
Пред 2.000 гледачи во спортската сала „Младост“, новиот суперлигаш Еурофарм Работник го совлада Охрид со 18-17 (8-10) во многу драматичен меч, исполнет со технички грешки, тензија и лоша игра. На крајот со пресврт и со серија од 6-2 во последните 10 минути екипата на Зарков и Марковски стигна до победата.
Трајковски беше одличен на голот, а Кобетиќ најголема опасност по битолчани и брзо охриѓани поведоа со +3. Младеновски и Андоноски погодуваа во континуитет за 8-10 на полувреме.
И вториот дел започна во ист стил и со голот на кружниот напаѓач Јанев во 45. минута, гостите дојдоа до највисоки 12-16. Сепак најнапред Барос, па и Талевски погодија за 15-16 и драма во финишот. Златко Мојсовски донесе прво водство од 18-17 и охриѓани го имаа последниот напад. Сепак ударот на Кежиќ со звукот на сирената заврши над голот и домаќините се радуваа.
Најефикасни во екипата на Еурофарм Работник беа Барош со 5 и Чурлевски со 4 гола, а кај Охрид се истакнаа голманот Трајковски и Кобетиќ со 4 гола.
ФОТО: www.gol.mk