Ракометниот клуб Еурофарм Работник денес го претстави најновото засилување, голманот од Србија Игор Арсиќ. Се работи за искусен голман, кој настапувал во многу клубови, а во првата половина од минатата сезона го носеше и дресот на македонскиот суперлигаш Пелистер.
Арсиќ потпиша договор на една сезона и веднаш им се стави на располагање на тренерите Зарков и Марковски и право за настап има уште попладнево на натпреварот против Охрид во второто коло на Суперлигата.
Со ова засилување се добива на квалитет и конкуренција во тимот, а од клубот напоменуваат дека со доведувањето на Арсиќ не е завршен преодниот рок и постои можност за доведување на уште некој новајлија.