Дојде време за првенствени мечеви за бодови и Еурофарм Работник е спремен за предизвикот. На денешната прес-конференција тренерот Иван Марковски го најави мечот од првото коло против Пелистер.
„Минавме добро подготовки, нестрпливи сме да почне официјалниот дел од сезоната. Очекувам пак да ја видам „реката“ на љубители на ракометот во нашиот град. Знаеме што значи Пелистер и колку навивачи има. Ние во нашиот клуб целосно сме дел од историјата на Пелистер, но сега сме дел од еден друг проект и верувам ова Еурофарм Работник е реалност за македонскиот ракомет. Ќе се обидеме да се наметнеме, да придобиеме многу симпатизери и навивачи со нашиот ракомет и професионалност. Мислам дека дербито ќе го решат нијанси, очекувам ракометна атмосфера и коректно однесување, па нека победи подобриот“, рече Марковски.
Мечот Пелистер - Еурофарм ќе се игра в петок од 20.00 часот во спортската сала „Младост“ во Битола.