Ракометниот клуб Еурофарм Работник ја продолжува својата кампања „Топка за секое дете“ и покажува да внимава на својата младинска школа, која пред неколку дена започна со работа.
Денес секое дете од академијата доби нова топка од клупскиот спонзор „Kempa“. Ова е и промоција на новата опрема на „Kempa“, а и промоција на запишувањата на нови членови во Еурофарм Работник.
Сите заинтересирани момчиња кои сакаат да се запишат во академијата на Еурофарм Рабитник ќе можат да се запишат во вторник од 18.00 часот, в четврток во 18.00 часот и в сабота во 10.00 часот.
Запишувања можат да се извршат на клупската веб страница и социјалните мрежи или на телефон 078 288-233 кај одговорниот тренер Божидар Мојсов.