Ракометарите на Еурoфарм Работник по вторпат во подготвителниот период го совладаа суперлигашот Вардар Јуниор, овојпат во спорткската сала „Младост“ во Битола со 30-26 (17-13).
Во текот на сите 60 минути битолчани имаа предност, на моменти и убедлива, па победникот во ниту еден момент не беше доведен во прашање.
Мите Караиванов, Серџо Барош и Ашраф Адли отксокнаа од целиот колектив, кој одигра на висината на задачата. Првиот официјален натпревар екипата на Марковски и Зарков го имаат следната сабота во Битола против градскиот ривал Пелистер.
ФОТО: Филип Вирановски - Gol.mk