Пред нас е уште едно големо ракометно натпреварување за национални селекции, а шампионот на Македонија повторно е достојно репрезентиран. Еурофарм Пелистер дава осум репрезентативци на најголемата ракометна сцена. За селекцијата на Македонија ќе настапат: Никола Митревски, Филип Кузмановски, Жарко Пешевски, Ненад Костески и браќата Павле и Петар Атанасијевиќ. Дресот на словенечката репрезентација ќе го носи Нејц Цехте, а за Тунис ќе настапи Усама Хосни.
РК Еурофарм Пелистер им посакува добри настапи, успеси и многу спомени од најголемиот ракометен настан во 2025 година!