Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер славеше против Висла Плок со 21-18 и направи чекор кон осминафинале во Лигата на шампиони. Битолскиот клуб ја забележа втората победа во Лигата на шампиони, вечерва во Битола падна Висла Плоцк.
Натпреварот почна изедначено, за Еурофарм Пелистер да је превзеде контролата од средината на полувремето и на пауза замина со 12-10. Шампионот на Македонија беше подобар и на отварањето на второто полувреме и стигна до +5 (17-12). Висла Плок потоа нападна со сите сили, се обиде да се врати резултатски, но Еурофарм Пелистер умешно ја чуваше предноста и на крајот славеше со 21-18.
Со оваа победа, Пелистер се искачи на шестата позиција во групата А со шест бодови по 10 одиграни кола и направи значен чекор кон осминафинале во Лигата на шампиони.
Ракомет
Лига на шампионите 2024/25
А група
Десетто коло:
Еурофарм Пелистер - Висла Плок 21-18 (12-10)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 3.500
Судии: Курсад Ердоган и Ибрахим Оздениз
Еурофарм Пелистер:
Митревски, Ивиќ, Кузмановски 7, Тајник 4, Радивојевиќ 3, Пешевски 2, Мамдух 2, Цехте 1, Пет. Атанасијевиќ 1, Цехте 1, Ристевски, Кузманоски, Борзаш, Костески, Абутовиќ, Пав. Атанасијевиќ, Хосни, Абутовиќ
Седмерци: 6/5
Исклучувања: 8 минути
Висла Плок:
Халгримсон, Алиловиќ, Зарабец 6, Пироч 3, Јанц 3, Фазекаш 3, Сердио 1, Крајевски 1, Цокан 1, Шушња, Терзиќ, Дабидзик, Михиќ, Сита, Михалович, Житников
Седмерци: 6/4
Исклучувања: 4 минути
Во следното 11. коло, во февруари 2025 година, Еурофарм Пелистер гостува во Лисабон.