Уште еден фестивал на голови за избраниците на Александар Зарков. Еурофарм Пелистер 2 запиша победа од скоро триесет разлика во осмиот натпревар од групата А на Првата лига. Битолчани го декласираа Овче Поле, вторпат по два месеци, и останаа суверени лидери во Првата лига.
Младото крило Димовски со единаесет гола беше прво име на натпреварот.
Ракомет
Прва лига 2024/25 - A група
Осмо коло
Еурофарм Пелистер 2 - Овче Поле 46-17 (22-6)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 300
Судии: Сашо Јанкуловски и Мартин Јовановски
Еурофарм Пелистер 2:
Јовановски, Младенов, Маркоски 4, Наумовски 2, Митревски 4, Марковски 1, Димитровски 2, Калајџиовски 1, Пецаковски 4, Славков 3, Гичев 5, Димовски 11, Ивановски 2, Белистојановски 3, Југовски 3, Дрогришки 1
Седмерци: 1/1
Исклучувања: 12 минути
Овче Поле:
Коцевски 1, Минов 4, Димчевски 6, Димитријев, Трајчевски, Динев, Панов, Стаменков, Игњатов, Буровски, Станоев, Димитров 3, Стојановски 1, Јанев 1, Ѓеров, Ристевски 1
Седмерци: 5/5
Исклучувања: 4 минути
Во следното коло, на осми декември, Еурофарм Пелистер 2 гостува кај Мулти Есенс.