Новиот суперлигаш Еурофарм Работник потпиша договор со српскиот ракометар Милое Долиќ, кој игра на позицијата среден и лев бек.
Долиќ има 23 години, висок е 190 сантиметри и доаѓа од нишката школа. Минатата сезона настапуваше за Нирегиаза во унгарскиот шампионат, а има искуство од настапи и за Кониг Балмавујазороши.
Милое Долиќ настапи на Меморијалот „Миле Нешкоски“ во Прилеп и првите луѓе на клубот му понудија договор кој денес и официјално беше потпишан. Од Еурофарм Работник најавуваат дека во следните дена ќе доведат уште неколку нови ракометари.