Новата сезона во машката ракометна Супер лига ќе почне на 17 септември и ќе се игра според стариот систем. Во првиот дел од сезоната шампионот Вардар и екипата на Металург ќе бидат слободни, бидејќи ќе се натпреваруваат во СЕХА Газпром лигата. Тие во Суперлигата ќе се приклучат во плеј офот.
Новитети ќе има во начинот за натпреварување во следната сезона, кога ќе се игра и Супер Куп меч меѓу освојувачот на првенството и освојувачот на Купот на Македонија. Победникот во националниот Купот во иднина ќе обезбедува пласман во Челинџ Купот.
Во премиерното коло од новата сезона не очекуваат дуелите:
Пелистер – Еурофарм Работник
Прилеп – Вардар јуниор
Пролет – Металург 2/Преспа
Радовиш – Борец
Работнички – Охрид
ФОТО: Филип Вирановски - Gol.mk