Еурофарм Работник - Пелистер 23-24 (12-14)
Ракометарите на Еурофарм Работник го освоија вториот меморијален турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп, откако во денешното финале го загубија од Пелистер со 23-24 (12-14) во Универзалната сала во Прилеп.
Ракометарите на Еурофарм Работник по изедначениот почеток и играта гол за гол, преку Златко Мојсоски од контранапад предноста ја донесоа до 6-4 во 10. минута. Следеше првото водство од +3 за 8-5 по 14 минути игра. До тајм-аутот на Касим Каменица во 20. минута, Еурофарм Работник имаше 1-2 гола предност.
Пелистерци брзо се консолидираа и со серија од 4-1 водени од Чантурија и Димитровски поведоа со 11-12. Подобриот финиш на првиот дел ракометарите на Пелистер го завршија со гол на Павловиќ од чекор за 12-14 на полувреме.
На почетокот на второто полувреме, ракометарите на Пелистер направија серија 6-3 и резултатски побегнаа на 15-20. Во овој период за Пелистер одлично бранеше Колев, а во нападот солидно одигра Везенковски. Клупата на Еурофарм Работник протестираше на судиските одлуки, а Марковски побара тајм-аут при 18-23 и ја разбуди екипата, која ги правеше последните обиди да се врати во мечот. Адли и Мемиќ погодија за -3 во 55. минута за тајм-аут на Каменица.
Помладиот битолски клуб имаше и два напади за -2, но погоди само за 23-24.
Најефикасен кај Пелистер беше Реваз Чантурија со 10 гола, а кај поразениот Еурофарм Работник 9 гола постигна Златко Мојсоски. Во првиот настап на турнирот во чест на некогашниот репрезентативец Миле Нешкоски, екипата на Еурофарм Работник го освои второто место.
ФОТО: Филип Вирановски - Gol.mk