Еурофарм Работник - Борец 30-27 (17-17)
Двата битолски клуба кои минатиот викенд играа во мечот за петтото место на струшкиот ракометен турнир, утре ќе играат во мечот за петтото место на Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп. По денешната разврска во двете групи и Еурофарм Работник и Пелистер го освоија првото место во групата и утре од 18.00 часот ќе се борат за трофејот од вториот турнир во чест на некогашниот репрезентативец.
Денес на третиот ден од натпреварувањето Еурофарм Работник го совлада Борец со 30-27 (17-17). Во победничката екипа се истакнаа Златко Мојсоски со 8 и Ашраф Адли и Мите Караиваов со по 5 гола. Во поразениот тим на Борец најефикасни беа Павловски, Стојановски и Димитковски со по 5 гола.
Пелистер по вчерашната победа над Прилеп, денес одигра нерешено 22-22 против Пролет и овој резултат им е доволен на момците на Касим Каменица да го освојат првото место во групата и да закажат нова средба со помладиот градски ривал.
Во саботата во Струга, Еурофарм Работник го победи Пелистер со 25-20.