Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер доживеа пораз од 26-18 на гостувањето во Полска кај Виска Плок. По првиот бод што го освоија во Битола, сепак, ракометарите на Бранко Ангеловски само на моменти беа конкурентни на гости против Висла Плок. Домаќинот почна одлично, поведе со 9-2, но потоа дојдоа минутите на Пелистер, кој успеа да намали на 11-8. На полувреме Висла Плок замина со само два гола предност (13-11).
Во второто полувреме повторно Висла Плок отвори фуриозно, создаде брзо предност од шест гола (20-14), а потоа и ја надгради до крајот на натпреварот, за конечни 26-18.
Мирко Алиловиќ имаше 11 одбрани во победничкиот тим на Висла Плок, а Ловро Михиќ беше најефикасен со осум постигнати гола. Никола Митревски во составот на Пелистер забележа седум одбрани, а Филип Кузмановски беше стрелец на пет погодоци.
Ракомет
Лига на шампионите 2024/25
А група - петто коло
Висла Плок - Еурофарм Пелистер 26-18 (13-11)
Спортска сала „Орлен Арена“
Гледачи: 2.000
Судии: Амар и Дино Коњичанин
Висла Плок:
Алиловиќ, Халгримсон, Михиќ 8, Јанц 4, Дашек 3, Пирох 3, Сита 3, Зарабец 2, Давидѕик 2, Шушња 1, Сночук, Сердио Гунтин, Паниќ, Шишко, Терзиќ, Чокан
Седмерци: 3/1
Исклучување: 2 минути
Еурофарм Пелистер:
Митревски, Ивиќ, Кузмановски 5, Борзаш 4, Манасков 3, Радивојевиќ 3, Ристевски 1, Ѓорговски 1, Пав. Атанасијевиќ 1, Цехте, Кузманоски, Абутовиќ, Пет. Атанасијевиќ, Пешевски, Хосни, Хаџиќ
Седмерци: 2/2
Исклучувања: 6 минути
Во следното шесто коло, на 24 октомври, Еурофарм Пелистер ќе го пречека Веспрем.