Охрид - Еурофарм Работник 21-27 (9-13)
Битолски Еурофарм Работник забележа победа против бранителот на титулата Охрид на првиот натпревар од Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп. Битолчани одиграа подобро од тимот на Горан Андоновски и го совладаа со 21-27 (9-13).
Битолчани водеа во текот на сите 60 минути и покажаа неспорен квалитет и покрај премиерното учество на овој турнир. Во победничката екипа се истакнаа Златко Мојсоски и Филиќ со по 5 гола, а Мароканецот Ашраф Адли и Мите Караиванов постигнаа по 4 гола.
Кај поразениот тим на Охрид најефикасни беа Кобетиќ со 6 и Блажевски со 5 гола. Во рамките на Б групата во првото коло слободна беше екипата на Борец. Денес од 19.00 часот се игра и мечот од Б групата помеѓу Прилеп и Пролет.
ФОТО: Филип Вирановски - Gol.mk