Филипос Верија - Еурофарм Верија 25-24 (10-10)
Ракометарите на Еурофарм Работник одиграа одличен контролен натпревар во Верија против првакот на Грција, Филипос Верија и иако беа многу блиску до победа, во финишот загубија со 25-24 (10-10). Суперлигашпт водеше цело прво полувреме и скоро до 50. минута, кога имаше 21-22, но последните 4-5 минути беа одлучувачки за пресвртот на „жолтите“ од Верија.
Во две третини од натпреварот екипата на Зарков и Марковски, за која не настапија неколку ракометари кои добија потребен одмор по струшкиот турнир и повредениот Пецаковски, имаше водство, но во самиот финиш инвидуални потези на Грците и две чудни судиски одлуки го одлучија победникот.
Во екипата на Еурофарм Работник најефикасен беше новајлијата Докиќ со 10 гола, а во таборот на Филипос Верија се истакна кружниот напаѓач на Охрид до минатата сезона, Вражалица. Битолчани следните тестови ќе ги имаат на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп од четврток до недела.