b_640_480_16777215_00_images_vesti_2024_09_bogfds.jpg

Почнува новата сезона во Лигата на шампионите, а Македонија повторно ќе ја претставува нашиот Еурофарм Пелистер. Првиот натпревар ќе го одиграме в среда од 20:45 во Франција против ПСЖ.

Пред заминувањето за Париз пред медиумите зборуваа тренерот Бранислав Ангеловски и десното крило Богдан Радивојевиќ.

Бранислав Ангеловски
(тренер на Еурофарм Пелистер)

Гостуваме кај еден од најсериозните кандидати за место на завршниот турнир и фаворит за освојување на едно од првите две места во нашата група. ПСЖ е добро составена и селектирана од еден од најдобрите тренери во светот, Раул Гонзалез. Структурата остана иста, разликата на терен ја прави Лук Стеинс со играта во транзиција и нападот пред Шипжак, кој е еден од најдобрите кружни напаѓачи во светот. Наша одврска е да се претставиме во најдобро светло, колку е тоа можно во овој момент. Само така треба да ја гледаме нашата иднина во Лигата на шампионите. Еден ден и еден добар натпревар против ПСЖ, како минатата сезона, не може да гарантира дека повторно ќе одиграме добро. Но, мотивацијата ќе биде на наша страна, желни сме за докажување и сметам дека тоа ќе го покажеме.

Богдан Радивојевиќ
(ракометар на Еурофарм Пелистер)

Се радуваме што повторно ќе играме со најдобрите екипи во светот и се надеваме на подобра сезона од претходната. Се надеваме и на некои бодови, посебно на домашен терен. Сите знаат каква екипа е ПСЖ. Сепак, не патуваме однапред да загубиме, ќе излеземе да се бориме, па што Господ ќе ни донесе. Од првата до последната минута мора да играме максимално. Минатата сезона на доста натпревари игравме добро, до крајот се броевме, но тоа не го наградивме со ниту еден бод. Искрено се надевам на поинаков биланс оваа година. Што се однесува до мене, може да играме и полошо, но да се наградиме со некои бодови. Спремаме, квалитетно и силно тренираме и верувам во успешна сезона.

ЕХФ ги делегираше унгарските арбитри Оливер Биро и Адам Киш за дуелот во „Пјер де Кубертен“. Делегат на овој натпревар што ќе се игра на 11 септември од 20:45 часот, ќе биде Чехот Јири Конечни.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723