По премиерниот настап и петтото место на струшкиот ракометен турнир, ракометарите на Еурофарм Работник утре од 20.30 часот ќе одиграат нов пријателски натпревар против првакот на Грција, Филипос Верија.
Овој интернационален тест ќе биде добредојден за избраниците на Марковск и и Зарков кои одлучија да настапат со комбиниран состав за да добијат шанса сите ракометари кои се во ростерот. Веднаш по враќањето од Грција, екипата ќе биде учесник на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп.
Еурофарм Работник е дел од втората група во која уште играат Борец и ланскиот победник Охрид.