ППД Загреб - Еурофарм Пелистер 37-19 (21-9)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер загубија во последниот натпревар од групите на ТВ-турнирот на шампионите во Добој од екипата на Загреб со 37-19 (21-9). Со овој пораз „зелено-белите“ од Битола останаа без шанси за финале и битка за трофејот. Пелистерци наместо во финалето, ќе играат за петтото место поради полошата гол-разлика од Загреб и Татабања.
Уште од самиот старт на средбата екипата на Загреб се наметна, почна да гради предност и да чекори сигурно кон својата цел. Избраниците на Ангеловски се обидуваа да парираат, меѓутоа на одмор се замина со негатива од 21-9.
Се обидоа пелистерци да парираат во продолжението, имаа свои моменти во средбата, меѓутоа не успеаја да бидат конкурентни. Загрепчани не ги простуваа грешките, казнуваа сè што можеа и тоа се одрази дополнително на резултатот. Во еден момент тие дојдоа на двојно повеќе голови (34-17), а потоа поведоа и со +18. Рутински екипата на Загреб го приведе мечот кон крајот и убедливо славеа со највисоката предност на мечот.
Цикатиќ беше најефикасен кај пелистерци со пет погодоци. Во натпреварот за третото место Еурофарм Пелистер утре ќе се сретне со Слога Добој.