b_640_480_16777215_00_images_vesti_2024_08_prilep3.jpg

Прилеп - Еурофарм Пелистер 2 28-31 (13-16)

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 има сериозни амбиции за враќање во суперлигашкото друштво, а тоа го покажа на стартот на турнирот „Миле Нешкоски“ во Прилеп каде славеше над домаќинот РК Прилеп (31-28).

Младите битолчани одиграа одличен натпревар, а успеаја да ја одбранат победата на крајот иако ривалот на двапати доаѓаше на минимална негатива од еден гол. На полувремето резултатот на семафорот гласеше 16-13 за тимот предводен од Александар Зарков.

Претходно, ГРК Охрид го отвори турнирот со убедлива победа над МРК Куманово (31-23). Утре (петок) следи вториот дел од Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ - од 18:00 часот играат Врање и МРК Куманово, додека од 20:00 часот на мегдан одат ГРК Тиквеш и Прилеп.

sponzori 2425

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723