Пелистер - Еурофарм 20-25 (11-12)
Било кој друг дуел за петтото место на ракометниот турнир во Струга, немаше да мине со толку интересен набој како првото битолско дерби меѓу Еурофарм Работник и Пелистер. Мечот заради дожд се одигра во спортскиот комплекс „Тими“ во Струга. Со голема желба и залагање во двете страни за нијанса поквалитетни беа ракометарите на Еурофарм Работник кои славеа со 20-25 (11-12).
Мечот започна израмнето со 1-2 гола предност за Еурофарм Работник, кој првото полувреме полно со многу грешки од двете страни, го заврши со минимални 11-12. Колев со неколку интервенции го одржуваше Пелистер во играа, а ракометарите на Еурофарм Работник не реализираа неколку шанси да дојдат до поголема предност. Од 48. до 55. минута момците водени од Марковски и Зарков направија серија, која им и донесе мирни последни пет минути од натпреварот. На крајот 20-25 кои покажуваат како се одвиваа работите на теренот.
Најефикасни кај Еурофарм беа Барос кој даде 6 гола, како и Караиванов, а Филиќ беше автор на 5 гола. Во тимот на Пелистер Чантурија даде 5 гола, а Димитровски, Вешовски и Везенковски постигнаа по 3 гола.
ФОТО: Филип Вирановски - Gol.mk