Еурофарм Пелистер - Црвена Звезда 28-27 (14-16)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер со минимална победа над белградска Црвена Цвезда го започнаа своето учество на традиционалниот ТВ турнир на шампионите во Добој.
Битолчани победија со 28-27, откако одиграа добро во вториот дел, на полувреме беше 16-14 за Црвена Звезда.
Најдобар стрелец кај Еурофарм Пелситер беше Филип Кузмановски со девет гола, тој исто така го доби и признанието за МВП на мечот. Го следеше Дејан Манасков со седум реализации, пред Ѓорговски со пет гола, а голманот Митревски собра пет интервенции. Кај Црвена Звезда, Вујишиќ и Давидовиќ имаа по пет гола.
Утре македонскиот првак игра против Татабања, додека задутре ќе се соочи со Загреб.