Еурофарм Пелистер во драматично финале го победи Вардар 1961 со 29-26 и го освои турнирот во Струга по 14. пат во историјата, па двата македонски ракометни бренда се израмнети на врвот на вечната листа.
По крајот на финалето, Еурофарм Пелистер ги собра и индивдуалните награди. За МВП на турнирот е прогласен Филип Кузмановски. За најдобар голман прогласен е новајлијата Филип Ивиќ, додека најдобар стрелец е српскиот репрезентативец Богдан Радивојевиќ.
Третото место на турнирот го освои Гуиф од Шведска со победа над грчки ПАОК, додека петтото место му припадна на Тиквеш со триумф над домаќинот Струга.